Telekom Electronic Beats Picnic – големата журка под отворено небо, што ќе се случи во градскиот парк на 21 септември, нуди целодневна забава со модерни електронски звуци од странски и голем број домашни изведувачи во комбинација со изложби на ликовни артисти и дизајнери.
Сетот на францускиот диџејЛудовик Лорка (попознат по сценските имиња Llorca и Art of Tones) почнува на зајдисонце, во 18:00 часот. Тој е еден од носителите на современиот таканаречен„nu jazz“ звук, кој претставува комбинација на електронска музика со игриви и динамични џез, фанк и соул семплови. Во изминатите 20 години Llorca си играше со звуците, креираше уникатни парчиња музика и спојуваше различни жанрови, а од 2005 почна да издава музика под псевдонимот Art of Tones, за кој тој самиот вели дека треба да ја прикажува „посветлата страна од музиката“.
Секако, настанот не може да помине без диџеите од домашната електронска сцена. На сценатаво Градскиот парк ќе настапат Алек Солтиров, Андреј Мицајков, Еми Ермилова, Бодан Јамакоски, Виктор Апостолски, Зоки Бејбе, Mileskaya, Mosaik Kollektif, Роботек, Скопски Грув DJs и Чваре. Некои од имињата се добро познати кај публиката, а некои од нив се нови, интересни диџеи чие време допрва доаѓа. Telekom Electronic Beats постојано застанува во поддршка на локалните артисти со цел да го сврти вниманието кон нив и да ја поттикне и прошири домашната електронска музичка сцена.
Сите оние кои не можат да присуствуваат на настанот ќе имаат можност да проследат неколку од музичките сетови преку стрим во живо на Facebook страната на Telekom Electronic Beats, што е уште еден доказ дека светот станува подобро место кога технологијата работи во корист на сите, односно кога ја употребуваме за нешто добро.
Поврзани артикли