Најголемиот кран на светот е пуштен во работа во британска нуклеарна централа.

Биг Карл, како што го нарекоа кранот, е од големо значење за изградбата на првата нуклеарна централа во земјата од 1995 година. Биле потребни три месеци за да се состави кранот, а сега ќе подига 700 најтешки делови на првата нуклеарна централа во Велика Британија.

Машината е именувана по извршниот директор на холандската компанија Sarens NV. Може да подигне дури 5.000 тони или иста тежина како 1.600 автомобили.

Биг Карл е висок 250 метри, го ставаат во работа 12 мотори, може да подигне 5.000 тони во радиус од 40 метри, се движи со 96 одделни тркала.