Бројот на ранливости кај уредите со Android се намалува, но уделот на навистина опасните примероци на малициозен софтвер значително се зголеми, се вели во анализата за сајбер-заканите во првото полугодие на безбедносната компанија „Есет“.

Во периодот јануари-јуни 2019 година, бројот на закани за мобилни телефони со оперативниот систем на Google се намалил за 8%, во однос на истиот период во 2018 година. Рансомверот останува една од најчестите закани за мобилните уреди.

На пример, неодамна беше откриен вирусот за криптирање Android / Filecoder.C, кој користи како симетрично, така и асиметрично криптирање и се дистрибуира преку СМС-порака во списокот со контакти.

68% од откриените слабости се сериозно опасни за нормално функционирање на смартфоните и таблетите со Android или за безбедноста на личните информации на корисниците. Овој процент е значително поголем отколку што беше лани.

„Есет“ забележува дека безбедноста на мобилните игра сè поважна улога во заштитата на информациите – лични и корпоративни. Според експертите, со развојот на „Интернет на нештата“ се наметнува итна заштитат не само на лаптопите и паметните телефони, туку и сите уреди поврзани со мрежата.