Ако веќе се навикнавте на дигиталниот кокпит во автомобилите, веќе има најава за иновација, а веќе е применлива

Станува збор за еден вид 3D дисплеј интегриран во класичниот дигитален кокпит на автомобилот. Во Bosch новата технологија ја нарекуваат „human-machine interface“, но во моментов не сакаат да излезат во јавност со специфични информации поврзани со технологијата. Досега, во Bosch го потенцираат безбедносниот аспект на нивниот систем и фактот дека не се потребни 3D очила.

 „Длабинскиот приказ на екранот му овозможува на возачот побрзо да „фати“ важни информации, без разлика дали станува збор за системи за асистенција или предупредување за застој во сообраќајот“, вели Штефен Бернс, претседател на Bosch Car Multimedia, нагласувајќи дека „Предупредувањата кои буквално излегуваат надвор од екранот се позабележителни“.

Од Bosch истакнуваат дека оваа технологија ќе биде клучна во имплементацијата на автономни возила во јавниот превоз. Системот поддржува следење преку Интернет, како и гласовна контрола односно со допир.

Извор: Додај Гас