Sony неодамна го претстави својот Crystal LED за кино изложувачите, но сега најави дека оваа технологија ќе им биде достапна и на потрошувачите. Компанијата ќе ги продава екраните преку посебно обучени и сертификувани дилери во големина од околу 20 метри ширина со 16К резолуција, но тоа веројатно нема да може да си го дозволиме.

Слично како Cinema LED (Onyx) системот на Samsung, Crystal LED технологијата на компанијата Sony користи micro-LED модули, секој со големина 16х18 инчи во резолуција 360х360 со три ситни LED диоди за секој пиксел. Технологијата делува како OLED, но е многу посветла, овозможува исклучително високо осветлување од 1000 нита, 10-битен grayscale, многу прецизна репродукција на бои (140% sRGB) и „спектакулеренspeн“ 3D, како што опиша Sony.