Кинеската компанија Huawei би можелa да го претстави сопствениот оперативен систем најдоцна на пролет следната година, откако му беше оневозможно користењето на оперативниот систем на Google – Android, изјави претставник на кинеската компанијa Ју Ченгдонг.

На Huawei му е оневозможено користење на оперативниот систем и апликациите на Google, откако САД минатата недела го ставија кинескиот гигант на списокот на забранети правни лица.

Ченгдонг објави дека Huawei наскоро ќе развие свој сопствен оперативен систем за паметни телефони, таблети и други паметни уреди, како и за телевизиски приемници и автомобили.

Huawei системот би можел да им биде достапен на корисниците најрано оваа есен, а најдоцна пролетта следната година, изјавил Ченгдонг за кинескиот весник South China Morning Post, а пренесува порталот „Сибиз“.

Последните неколку недели се интензивираше трговската војна меѓу САД и Кина, па американското министерство за трговија им забрани на американските компании да продаваат технологија Huawei, без дозвола на владата.

Во понеделникот министерството најави 90 дневно одложување на ваквата мерка. САД ги обвинија Huawei дека им помагаат на кинеската влада во шпионажата на други земји, иако тоа не го поткрпеиле со никакви докази, наведува „Сибиз“.