Откако „позајми” многу опции од Snapchat и другите популарни апликации, во Facebok одлучија да загазат и на теренот на кинеската хит-апликација TikTok.

Кинеската апликација TikTok можеби во нашите краишта не е популарна, но во светот има веќе повеќе од половина милијарда кориснииц, и тоа само две години по стартувањето. Функцијата на оваа апликација е чисто забавна – овозможува снимање на кртаки видео записи, уредување на истите, додавање разни ефекти на нив, филтри или натписи, позадинска музика и слично. Потоа овие инсерти, со најдолго траење до 15 секунди, ги споделуваат на TikTok социјалната мрежа со намера да станат вирални. Од описот сосема е јасно дека главните корисници на TikTok се младите „миленијалци”.

На Facebook оваа популарност очигледно прилично му се допадна, поради што ја креираше мобилната апликација која речиси во целост ја копира TikTok. На Lasso секој може да сними кратко видео (uploud на веќе постоечките видеа не е можен) и да го уредува со ефекти, текст, музика и слично, а потоа да го сподели со другите.

Единствената предност која го разликува Lasso од TikTok е фактот дека Facebook ќе проба својата верзија да ја направи популарна, така што ќе ја поврзе со својата социјална мрежа. Делата направени во Lasso е можно директно да постават како Facebook Stories и да се споделат на Facebook. Со текот на време, Lasso ќе добие поддшка и за Instagram Stories.

Интересно, лансирањето на Lasso се случи речиси во исто време со најавата дека следната година ќе биде лансиран Byte, наследник на некогаш популарната видео апликација Vine.