Флексибилните телефони сами по себе немаат некоја вредност доколку не се поддржани од соодветни апликации, кои можат да ги искористат предностите на екрани на преклоп. Ова нема да претставува проблем за преработениот Galaxy Fold, кој конечно е подготвен да се најде во продажба.

Samsung објави дека соработувал со програмерите на Google и Android, со цел на Fold да донесе стотина апликации, вклучувајќи ги и големите имиња како што се Amazon Prime Video, Facebook, Spotify и Twitter. Оваа информација пристигнува откако Samsung и Google поминале месеци во тест лабораториите, со цел на креаторите на апликации да им помогнат да ги исполираат своите решенија за Fold.

Вестите, исто така, пристигнуваа и со детали за тоа како Android 10 ја подобрува поддршката за флексибилни телефони. Оперативниот систем сега е подобар во менување на големината на апликациите и прикажувањето на екранот, додека програмерите сега имаат нов емулатор, кој помага при тестирање на приказот на повеќе дисплеи. Со текот на време се очекуваат повеќе апликации кои работат на флексибилните телефони.