Минатата недела се појавија протечени информации со детали за Xiaomi Mi Mix 4 телефонот, кои вклучуваат спецификации на камерата, конфигурации на меморијата и софтверските функции. Меѓутоа, од извештајот изостанаа некои интересни детали.

Објавата на Weibo страниците сега споменува дека Mi Mix 4 ќе има екран со освежување од 90 херци, како и поддршка за 40W брзо полнење. Исто така, за да се задржи дизајнот на целосен екран од претходните Mi Mix генерации, најновиот модел во семејството ќе има pop-up механизам за предната камера.

Потребно е да се истакне дека најновите информации се во домен на гласини, така што треба да се земат со резерва, посебно бидејќи изворот кои стои зад нив не е долго присутен и не е познато колку е доверлив.