Sharp го претстави најголемиот во светот 8К телевизор

Јапонската компанија Sharp на IFA 2019 Electronics Show саемот во Берлин прикажа неколку нови модели кај паметните телевизори од новата генерација.

Конкретно, посетителите на настанот можат да го видат најголемиот ТВ-панел во светот со резолуција од 8K, или 7680х4320 пиксели, што е за 16 пати повеќе од оној на Full HD екраните – 1920х1080 пиксели.

Новиот 8К панел на Sharp има дијагонала од 120 инчи. Сепак, сè уште не се познати детали за спецификациите и цената на телевизорот, ниту кога тој ќе излезе на пазарот.

Покрај тоа, Sharp претстави 8K телевизор со интегриран модул за поврзување со петта генерација мрежи (5G). Овој панел ќе може да презема содржина со висока резолуција преку мобилни услуги без потреба од Wi-Fi или Ethernet конекции.