Првиот производ на Apple, таканеречениот Apple-I компјутер се продаде на аукција одржана во Бостон, Масачусетс по цена од 375.000 долари. Новиот сопственик е “анонимен бизнисмен“ кој ја даде финалната понуда онлајн, објави BBC.

Уредот беше дизајниран од страна на Стив Вознијак, ко-основачот на технолошкиот гигант. Неговиот бизнис партнер Стив Џобс, го убеди да го спакува и продаде Apple-I, по што производот се најде на пазарот во 1976 година по цена од 666,66 долари.

Се проценува дека Џобс и Вознијак продале околу 200 Apple-I компјутери за помалку од една година, благодарение на договор склучен со локална продавница за техника во Пало Алто, Калифорнија.

Претходно, уредот бил купен за 300 долари и сопственикот се обидел да му го продаде на Вознијак за 10.000 доалри.

Претходните верзџии на Apple 1 достигнаа цена од 130.000 до 800.000 долари на аукциите. Според онлајн регистарот, којшто не е поврзан со Apple во светот постојат уште 79 вакви компјутери.