Никој, ама баш никој не сака да чека долги редици на шалтер. Во светот во кој живееме, времето е валута со највисока вредност, и оваа вредност во иднина само ќе расте.

Па тогаш, како да си го заштедиме времето, но и нервозите и уморот од секојдневното чекање по шалтери за да платиме сметки? Одговорот, како и за повеќето прашања кои се однесуваат на современото живеење, е интернетот.

Иако како нација имаме уште долг пат додека да ги сфатиме сигурноста и едноставноста на онлајн плаќањата и поволностите на мобилните апликации, полека но сигурно се движиме во правилна насока. А кога сме кај мобилните апликации и скратувањето на времето за чекање по шалтери, ја издвојуваме мобилната апликација на Македонски Телеком, која покрај тоа што е единствена на пазарот, се покажа како најпрактичното решение за овие прашања.

Со мобилната апликација на Македонски Телеком, корисниците на овој оператор воопшто немаат потреба да чекаат редици по продажните салони за да ја платат својата месечна сметка за мобилен телефон, туку истото можат да го извршат каде и да се, со само еден клик.

Прилагодена и за Android и за iPhone, оваа мобилна апликација покрај плаќањето на сметката нуди многу можности и поволности што можат да се добијат единствено преку нејзино активирање – проверка на интернет состојбата во секое време, лоцирање на најблиските продажни салони, но и единствени можности за дуплирање  на интернетот и смс пораките преку активирање на одреден пакет.

Затоа, наместо однапред да се подготвувате за нервоза и чекање, симнете ја мобилната апликација на Македонски Телеком и подгответе се за уживање и мноооогу интернет!