Еуроимпекс со Peugeot и овој пат во соработка со Францускиот институт во Скопје, Дипломатскиот клуб и МНР го поддржа тенискиот турнир кој се одржа во саботата во тенискиот клуб „Евросет“.

Станува збор за традиционален дипломатски тениски турнир, на кој учество земаа претставници на дипломатскиот и конзуларниот кор во Република Македонија, претставниците на меѓународните организации и вработени во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Овогодишното издание беше во знак на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Франција и Македонија.