Во текот на јули 2017. година, Adobe објави дека ќе престане со поддршката за Flash до крајот на 2020. година.
Потоа и компаниите, кои во своја сопственост имаат интернет прелистувачи (браузери) ги објавија своите планови да престанат со поддршка за Flash, вклучувајќи го и Microsoft.
Microsoft сега објави и дополнителни информации за тоа дека Flash на прегледниците на компанијата ќе престане да работи до крајот на 2020. година. Edge Spartan (актуелната верзија на Edge браузерот) и Internet Explorer 11 же продолжат да работат како и досега, до крајот на оваа година. Flash целосно ќе исчезне до декември следната година.
Кога е во прашање Edge заснован на Chromium, Microsoft истакнува дека ќе ја следи истата временска рамка како и Chromium Project за престанок на поддршката на производот на Adobe, а тоа повторно е до декември следната година.
Flash под default ќе биде оневозможен, а ќе може да се вклучи за поединечните сајтови или за група сајтови.