Поради сексуалното вознемирување, интернет-гигантот Google отпуштил 48 вработени во последните две години.

Меѓу нив се 13 лица од повисокото раководство. Ова го признава директорот на компанијата во писмо до вработените.

Тоа беше испратено како одговор на истрагата од „Њујорк тајмс“, според која Google „скрил“ неколку слични случаи.

Во публикацијата се тврди дека Енди Рубин – творец на оперативниот систем Android, бил принуден од шефот на компанијата да ја напушти во 2014 година, а причината е обвинение за сексуално малтретирање. Но, тој добил компензација од 90 милиони долари.

Портпаролот на Рубин ги негираше обвинувањата и рече дека ја напуштил компанијата по сопствена иницијатива.