Американскиот технолошки гигант Apple планира да лансира на пазарот нова апликација наречена Screen Time, со која ќе се бори за ограничување на времето кое корисниците го поминуваат користејќи ги нивните телефони, пријави Wall Street Journal. Апликацијата ќе биде достапна за iOS 12 и за сите паметни телефони кои го користат оперативниот систем iOS 11.

Screen Time се базира врз идејата дека ако еден човек биде предупреден за времето кое го поминува со својот телефон, тогаш тоа ќе го прави значително поретко, смета Џоана Стерн од Wall Street Journal. Апликацијата обезбедува информации за тоа колку долго телефонот бил користен, сите апликации и сајтови кои биле активирани од страна на корисникот.

Screen Time не може да се најде во фолдерoт со апликации, ниту пак треба да се преземе. Функцијата е скриена во Settings и содржи податоци со графикони и листи за секојдневна и неделна употреба на уредот.

Секој корисник може да примени ограничување на употребата на некоја апликација, социјална платформа или игра, на која се пристапува преку телефонот.

Кога ќе се достигне лимитот, на екранот на телефонот се прикажува прозорец со предупредувачки знак што може да се исклучи.

Google веќе креираше апликација која моментално може да се користи само од Pixel телефоните на Android 9.0.