Тврдењето дека дождовната шума во Амазонија произведува една петтина од кислородот на Земјата е неточно, пишува угледното списание „Нешнл џиографик“ и укажува на тоа дека сè повеќе медиуми го пренесуваат овој неточен факт.
Речиси целиот кислород на Земјата потекнува од океаните, а резервите ќе траат милиони години, меѓутоа, се наведува во написот, има многу причини зошто човештвото треба да биде загрижено од пожарите во Амазонија.
Скот Денинг од Универзитетот во Колорадо потсетува дека речиси целиот слободен кислород во воздухот го произведуваат растенијата преку фотосинтеза и дека околу една третина од копнената фотосинтеза се прави во дождовните шуми, меѓу кои најголема е онаа во Амазонија.
Сепак, и покрај фактот дека произведува од пет до шест проценти од кислородот на Земјата, Амазонија е важна од други причини, пред сè поради извлекувањето јаглероден диоксид од атмосферата.
Поради ова, научниците не се согласуваат со добро познатото име на Амазон – белите дробови на планетата – туку ја споредуваат дождовната шума со огромен клима-уред.
Амазонија, како што се наведува во текстот, е еден од најзначајните фактори во забавување на климатските промени заедно со тропските шуми во централна Африка и Азија.
Оваа прашума исто така е и ризница на живот – во неа живеат илјадници растителни и животински видови поради што таа е најразновидниот екосистем во светот.