Секој ден, нови 170.000 деца низ светот за првпат се приклучуваат на интернет. Со тоа, бројката на корисници на интернет расте, а податоците на UNICEF говорат дека секој трет корисник на интернет е дете. Интернетот нуди огромен број можности за развој, за едукација и забава, но станува и опасно место за оние кои не се свесни за заканите што демнат зад секој клик, а најзагрозена категорија се токму децата.

Како што поминува времето, децата сѐ почесто и повеќе поминуваат време поминуваат на интернет и учат како да ги користат неговите придобивки. Пребаруваат информации, гледаат видеа на YouTube, играат онлајн игри, се вмрежуваат во групи преку разни апликации и споделуваат содржина со нивните пријатели и познаjници. Дигиталниот свет им овозможува да учат, да се надградуваат, да се забавуваат и да влезат во светот на нови знаења, но понекогаш знае да биде и опасна зона која ќе ги изложи на содржина или активности кои не се соодветни за нив.

Веќе не се поставува прашањето дали треба да се користи интернетот или не, туку како најдобро да ги искористиме придобивките на дигиталниот свет во наша корист. Заканите на интернет доаѓаат во многу форми – од загрозување на приватноста, преку измама, па сѐ до злоупотреба и онлајн насилство. Од огромна важност е да овозможиме безбеден и сигурен интернет за секое дете, за да го направиме овој свет подобро место за живеење. Секое дете заслужува безбеден и сигурен интернет, дигиталниот свет за да биде место на кое ќе се развива и ќе се надградува. Технологијата може само да помогне во тоа.

Токму Kaspersky Safe Kids апликацијата на Македонски Телеком нуди оптимална заштита за децата кои користат мобилни телефони, таблети и компјутери. Преку оваа онлајн услуга ќе имате целосен увид на содржината која допира до вашите деца и ќе можете да ги контролирате времето и начинот на кој најмладите го користат интернетот. А со детските смарт часовници TCL Family Watch и MyKi TOUCH, вашето дете ќе има можност да комуницира со вас кога и да посака, а притоа вие ќе ја знаете неговата локација во секое време.

Секое дете има право на интернет, но и право да се чувствува сигурно во модерниот, дигитален свет. Затоа, треба да се обидеме создадеме идеални услови за растење во безбедна и здрава средина. Интернетот и дигиталните технологии се моќна алатка, а наша одговорност е да ја искористиме нивната моќ за да создадеме подобар свет за нашите најмили!