Аналитичката компанија Canalys ги објави своите предвидувања кога е во прашање пазарот на 5G телефони. Според наводите на компанијата, 5G ќе го преземе приматот над 4G мрежите во текот на 2023. година, а производителите ширум светот ќе испорачаат околу 1,9 милијарди уреди со 5G поддршка.

Во текот на 2023. година, 5G уредите ќе имаат околу 51,4 проценти од вкупното пазарно учество. Се очекува дека Кина ќе биде главен конзумент на технологијата, со испорака од 34 проценти, а ќе следува Северна Америка со 18,8 проценти и азиско-пацифичкиот регион со 17,4 проценти.

Canalys истакнува дека успешното лансирање на 5G технологијата не значи и нејзина успешна прифатеност. За да се искористат сите предности на 5G мрежата надвор од eMBB (enhanced Mobile Broadband), потребно е време и доста средства, што ќе биде значајно покомплексно отколку кај 4G имплементацијата.