Брендот Redmi официјално ги претстави телефоните Note 8 и Note 8 Pro, кои се наследници на успешната серија Redmi Note 7. Note 8 Pro е првиот официјален модел во светот кој пристигна со главна камера со 64MP.

Redmi Note 8

Телефонот користи чипсет Snapdragon 665, заснован на процес од 11nm. Чипсетот има осум Kryo 260 јадра, од кои четири имаат јачина од 2,2GHz, додека другите четири работат на 1.8GHz.

Задниот дел на уредот има четири камери – главниот сензор има 48MP (Samsung ISOCELL GM2), додека другите се ултра широка 8MP, 2MP макро и 2MP depth сензор, како и сензор за отпечатоци. На предниот дел има селфи камера од 13 MP. Селфи камерата е сместена во засекот на 6,3-инчниот LCD екран, со Full HD+ резолуција.
redmi1_2.jpg

Други карактеристики вклучуваат батерија од 4000mAh со поддршка за брзо полнење од 18W. Телефонот ќе биде достапен во црна, бела и сина боја, со почетна цена од 140 $ / 125 € за моделот со 4 GB RAM и 64 GB складишен простор. Ќе постојат две варијанти: 6GB + 64GB ($167/€150) и 6GB + 128GB ($195/€175). Сите цени се конвертирани од кинескиот јуан.

Redmi Note 8 Pro

Note 8 Pro е првиот официјално претставен модел со 64MP главна камера. Фотоапаратот има сензор Samsung ISOCELL Bright GW1 со “quad-binning pixel” технологија. ЛЦД-екранот на телефонот има дијагонала од 6,53 инчи и Full HD+ резолуција. Рамките околу дисплејот се многу тенки, а долните само 4,2 мм.

Redmi Note 8 Pro е многу лесно да се разликува од стандардниот модел според дизајнот на задниот дел. Четири камери се наоѓаат во средина на панелот, во вертикален систем. Сензорот од 64MP исто така го придружуваат и 8MP ултра широк, 2MP depth и 2MP макро сензорите. Камерата за селфи која се наоѓа во засекот има сензор од 20MP.
redmi2_23.jpg
Кај моделот Pro, Redmi се определи за Mediatek Helio G90T, со што Note 8 Pro е првиот телефон со нова SoC платформа. Исто така, постојат опции за 6GB/8GB RAM меморија и 64GB/128GB простор за складирање, додека батеријата е 4500mAh со брзо полнење од 18W.

Телефонот е исто така првиот во рамките на марката Redmi, кој доаѓа со комора за течно ладење што ќе ја лади очекуваната топлина од гејминг чипсетот. За гејминг без проблеми, предвидени се и Wi-Fi и 4G врски.

Redmi Note 8 Pro ќе биде достапен од септември во црна, зелена и бела боја. Почетна цена е $195/€175 за варијантата 6 GB/64GB, додека моделот 8GB/128GB ќе чини $250/€225.