Пред околу една година, Microsoft ги отстрани од Windows 10 Fall Creators Update сите API, поврзани со паметните телефони.

Тогаш тоа беше јасен знак дека компанијата од Редмонд наскоро планира да лансира нови мобилни уреди на пазарот.

Кратко потоа, беше објавен крајот на Windows 10 Mobile. Но, ситуацијата може повторно да се смени. Во најновите тест верзии на Windows 10 Redstone 5, се појавија сите API поврзани со паметен телефон, кои овозможуваат оперативниот систем да се користи и на мобилни телефони.

Во моментов, не е јасно што е причината за промената, но сигурно е дека овој тип на функционалност не е потребен за лаптопите и десктоп-компјутерите. Враќањето на поддршката за телефони може да значи дека Microsoft сè уште работи на таканаречениот Surface Phone, за кој веќе неколку месеци се шпекулира.

Се уште е премногу рано да се коментира за техничките спецификации на Surface Phone. Главниот фокус на уредот ќе биде иновативниот дизајн со два дисплеи. Официјалната премиера веројатно ќе се случи следната година. Враќањето на Microsoft на пазарот на паметни телефони, со сличен дизајн, има потенцијал да привлече повеќе корисници на уредот. Времето ќе покаже дали компанијата од Редмонд ќе стане првата, која ќе понуди паметен телефон со два дисплеи.