Motorola во февруари ја претстави серијата Moto G7, така што веројатно оваа година нема да ја видиме линијата Moto G8. Сепак, пред две недели веќе се појавија фотографии од стандардниот Г8 модел, а сега се појавија и информации за Play варијантата.

Веб-страницата XDA-developers дошла до информации за телефонот Moto G8 Play, кој ќе има дисплеј со HD+ резолуција, со сооднос од 19: 9. Големината на екранот е моментално непозната, но FCC наведува дијагонала од 169 mm, што сугерира 6,65 инчи. Ова ги вклучува и рамките, што значи дека самиот панел ќе биде помал.

Дијаграмот од FCC листингот открива и дека G8 Play ќе има една камера, сместена во горниот лев агол. Сензорот за отпечатоци не е видлив, но најверојатно се наоѓа во центарот на задната страна.

Се смета дека Moto G8 Play ќе има Helio P60 или P70 чипсет и ќе биде достапен во две верзии на меморија и складишен простор: 3GB/32GB и 4GB/64GB. Тој ќе доаѓа со Android Pie и ќе има батерија од 4000mAh. Има и поддршка за NFC и dual SIM.