Европската канцеларија за патенти (EUIPO) ги објави апликациите за две нови опции на бои за Huawei P30. Едната пристигнува во облик на градиент, додека другата доаѓа во две бои.
Градиентната верзија е варијантата P30 Breathing Crystal, иако доколку се погледне одблизу може да се забележи употребата на двобоен дизајн и кај оваа варијанта, но со многу посуптилен ефект.
Пријавата за патент е поднесена кон крајот на мај и објавена е пред неколку дена. Ова укажува на тоа дека Huawei би можел да ги прикаже новите бои за време на IFA саемот, за време на објавувањето на линијата Mate 30. Не е познато дали со новите бои ќе биде надграден и Huawei P30 Pro.
Минатата година Huawei исто така воведе нови опции за боја за Huawei P20 Pro за време на IFA, така што за кинеската компанија овој потег не претставува новитет.