Apple официјално потврди кога ќе се случи долгоочекуваниот настан за претставување на нивната следна генерација на паметни телефони. Компанијата веќе лансира покани за премиерата, што ќе се одржи на 10 септември во театарот „Стив Џобс“ во Купертино, Калифорнија. Се очекува Apple да прикаже најмалку три нови верзии на iPhone, односно iPhone 11, iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max.

Во поканата не се откриваат повеќе детали за плановите на компанијата. Сепак, Apple ќе го искористи настанот за да ги соопшти подобрувањата на наследниците на iPhone Xs, iPhone Xs Max и iPhone Xr. Првите два уреди најверојатно ќе понудат тројни задни камери, додека на задниот дел од буџетскиот модел на серијата ќе има два сензори. Селфи камерите исто така ќе можат да снимаат видео-снимки Slow-Motion со 120 фрејмови во секунда.