На големиот саем на мобилни технологии во Барселона овој месец, Microsoft ќе ја открие втората генерација на своите очила за проширена реалност.

Годинашниот Mobile World Congress во Барселона ги отвора своите врати на 25. февруари, а бројните играчи од светот на технологијатѕа почнаа да најавуваат што би можеле да очекуваме на него. Зад производителите на смартфони, на кои ова им е традиционално најголемиот саем во годината, не сака да заостане ни Microsoft. Без оглед што не произведува теелфони, компанијата од Редмонд во Барселона ќе промовира еден премиерен производ – HoloLens 2.

Најавното видео на социјалните мрежи го постави Алекс Кипман, еден од главните членови на тимот, кој прв го разви HoloLens. Во овој тизер, не се гледа ништо врзано со самите очила за проширена реалност, туку видеото се заснова околу кратките кадри на разните генерички 3D облици како мраз, карпи и други – очигледно компјутерски рендерирани – што веројатно би требало да ги доловат можностите на новиот AR уред.

Претставувањето на HoloLens 2 ќе се одржи на 24. февруари, еден ден пред отворањето на MWC. На настанот, заедно со Кипман, ќе зборува и генералниот директор на Microsoft, Сатја Надела.

Некои информации говорат дека втората генерација ќе донесе нов чип (Qualcomm Snapdragon 850), како и сензори за движење познати од проектот Kinect. HoloLend во новата верзија би требало да биде полесен, помал, помоќен, но и поевтин од претходникот.