Еден од новите богаташи платил Lamborghini само 45 биткоини, а овие валути пред 6-7 години ги платил само 135 долари.

На крилјата на биткоин лудницата, тие што се сетиле на почетокот да вложат, пред извесно време „преку ноќ“ станаа мултимилионери. Така, еден програмер успеал да купи Ламборџини за 135 долари.

Додека дел од луѓето кои што станаа мултимилионери благодарение на криптовалутите се кријат од јавноста, голем дел од нив се фалат јавно со својот успех од нешто што е виртуелно, да го претворат во реални пари.

Еден од симболите на крипто милионерите стана италијански Ламборџини, односно суперавтомобилите на италијанската компанија кои што инаку се резервирани за оние кои што имаат подлабок џеб.

Во САД овие автомобили дури и во продажните салони можеле да се купат со криптовалути, а од еден продажен салон за новинарите на “Business Insider” откриле дека во изминатите години купувачите просечно купувале по два автомобили месечно со плаќање со биткоини, а само во последниот месец на овој начин биле продадени дури 10 Ламборџини автомобили.

Токму во текот на декември минатата година вредноста на биткоин се искачи на рекордно ниво, па голем број на луѓе одлучиле да ги продадат своите биткоини и да купат токму Ламборџини.

Новинарите на “Business Insider” разговарале со програмерот Питер Садингтон кој што минатата година купил Ламборџини за 45 биткоини (околу 200 илјади долари), а реалниот трошок за купување на овој автомобил со оглед на тоа што еден биткоин изнесувал помалку од 3 долари кога го купил, изнесува околу 135 долари.

„Купувањето на Ламборџини со биткоин е доказ дека навистина може да се искористи за реални трансакции и да се купат реални, кул работи. Не го користат само криминалци“, изјави Садингтон.

Извор: Zimo.hr