Кинеската телекомуникациска компанија Huawei денеска ги објави комерцијалните предности на својот чип базиран на вештачка интелигенција (АИ), со кој ќе им конкурира на чиповите на водечките американски гиганти како „Куалком“ и „Енвидија“.

Со лансирањето на овој чип, Huawei настојува да го издржи континуираниот притисок од САД и да докаже дека сè уште може да произведе основни технолошки компоненти, оценува Си-ен-би-си.

Чипот, наречен „асценд 910“, прв пат во јавноста беше промовиран во октомври минатата година и е наменет за центрите за складирање податоци.

На компаниите што користат АИ-апликации им се потребни огромни количини податоци за паметни алгоритми, што може да трае со денови или недели.

Од Huawei велат дека најновиот чип може да обработи повеќе податоци за пократко време во споредба со конкурентските чипови и да ѝ помогне мрежата да се ослободи од обработката на податоци за само неколку минути.