Acer ги претстави новите верзии на своите лаптопи Swift 5 и Swift 3 кои не само што ја користат новите Intel Core чипови од 12. генерација, туку вклучуваат и неколку свои надградби.

Најважно е дека новиот Swift 5 премина на 16:10 екран со резолуција 2.560 x 1.600 пиксели, чиј сооднос помага за подобар преглед на вертикални содржини, како што се документи и веб-страници. Редизајнираниот Swift 5 вклучува до 12-јадрен процесор, 16 GB LPDDR5 RAM и 2 TB SSD меморија. Лаптопот ги исполнува и Evo спецификациите на Intel за 10 часа реално траење на батеријата и брзо полнење што обезбедува четири часа користење со полнење од 30 минути. Двaта Thunderbolt 4 порта, двата USB 3.2 Gen 1 приклучоци и HDMI 2.1 исто така нудат солидно поврзување. Системот е потежок од неговиот претходник со тежина од 2,65 lbs, но можеби нема да пречи со оглед на надграденото ладење, веб-камерата со низок шум од 1080p и тракпадот направен од океански пластичен отпад.

Swift 3 лаптопот доживеа поскромна надградба. Ќе треба да се задоволите со 16:9 екран со  1080p или 1440p резолуција во овој 14-инчен систем, но се одликува со простор до 2TB SSD, 30-минутно брзо полнење и мешавина од USB-C, USB- А и HDMI 2.1 портови. Acer ќе ги испораа двата система во јуни, при што Swift 5 стартува од 1.499 долари, а Swift 3 од 850 долари. Цената на Swift 5 нагло е зголемена во однос на 1.000 долари, колку што изнесуваше цената на моделот од 2020 година.