Градот Виена се подготвува за воведување на технологија која со помош на т.н „паметни  очила“, ќе овозможи брзо добивање на информации и податоци за различните објекти и знаменитости. Во пракса, тоа значи дека ако се шетате пред катедралата „Св. Стефан“, и ги ставите „паметните очила“, со насочување на погледот кон објектот ќе ги добиете сите информации за таа катедрала.

Производството на овие очила се подготвува во една компанија која е лоцирана во виенската населба Асперн (новоизградена паметна населба со нови технологии). Во системот може да се врадат и видеои запис и фотографија, а сето тоа може да се испрати на избран e-mail. Првобитно, планот бил производството на овие очила да се лоцира во Силиконската долина во САД, но благодарение на субвенциите од ЕУ, одлучено е тоа да остане во Австрија. Многу компоненети се изработуваат со помош на технологиите на 3D печатење, а електрониката во очилата се вградува рачно.

smart glasses2