Малата Самира Мехта е десетгодишнo девојче, кое успеа да привлече голем број следбеници на нејзиниот развој како програмерка.

Десетгодишното девојче е основач и извршен директор на компанијата CoderBunnyz, која привлече внимание во јавноста и на Самира и овозможи да држи бројни предавања. На само осум години ја измисли играта CoderBunnyz, што ги учи децата да програмираат. Почнала да програмира на шест годишна возраст.

За девојчето се заинтересирале од Cartoon Network, од каде барале млади и талентирани за да ја носат титулата Powerpuff девојче, според познатиот лик од цртаните филмови. Нејзината приказна се проширила, така што почнала да ја продава својата игра преку Amazon.

,,Досега продадовме 1.000 примероци, што е нешто над 35 000 долари, а играта е на пазарот само една година“, изјави Самира.

Во промоцијата и помогнал нејзиниот татко Рахеш Мехта, кој и самиот работи како програмер во Intel.

На почетокот на училишната година излезе уште една игра ,,Yes, 1 Billion Kids Can Code”, наменета за учениците, така што за Самира се заинтересираа и големите компании Google и Microsoft.

Извор: B92.net