Samsung е подготвен за почетокот на испораките на Samsung Galaxy10 серијата, која е најавена за 23. август, а претпродажбата веќе почна во многу држави.

Од сите земји, каде што е најавен Note10, исклучителен одзив е забележан во Јужна Кореја. Претпродажбата во оваа земја достигна 1,3 милиони примероци, што е двојно повеќе отколку што забележа Note 9 во свое време. Овој број е заснован на преднарачките помеѓу 9 и 19. август.

Galaxy Note 10+ моделот од 256 GB, според наводите на компанијата, бил најпопуларен во текот на споменатиот период на претпродажба.

Секако, знаеме дека Samsung оваа година претстави два Galaxy Note 10 модела (стандарден и плус), што секако има влијание на бројот на преднарачките, но ќе почекаме официјални информации од компанијата за глобална испорака за да ја согледаме комплетната слика за популарноста на најновата линија.