Компанијата Fossil го претстави својот нов паметен часовник наречен Fossil Sport Smartwatch.

Се работи за првиот паметен часовник со Qualcomm процесорот Snapdragon 3100 и редизајнираниот оперативен систем на Google, Wear OS. Часовникот го носи името Sport Smartwatch, а достапен е во шест бои: сива, розева, црвена, сина, зелена и црна. Исто така, постојат две големини, 41 и 43 мм. На купувачите вкупно им се достапни 28 силиконски нараквици кои лесно можат да се менуваат. Секако, часовникот е отпорен и на вода.

Fossil го истакнува ambient режимот на часовникот, интегрираниот сензор за мерење на отчукувања на срцето, батерија од 350 mAh која трае во текот на целиот ден, како и NFC и GPS можностите. Сето тоа наводно е подобрено во однос на претходната генерација на часовникот. На уредот е инсталирана апликацијата за стриминг на музика Spotify, како и апликацијата Noonlight за помош на корисниците.

Часовникот е веќе во продажба, а цената изнесува 255 долари.