Apple планира да потроши повеќе од шест милијарди долари за своите оригинални телевизиски серии и филмови што треба да се прикажуваат на новата услуга од гигантот – Apple TV+.
Стриминг услугата што се очекува да започне со емитување наскоро ќе се обиде да им конкурира на постоечките вакви сервиси како Netflix, Disney, NBCUniversal и Amazon,пишува CNBC.
Apple ја најави Apple TV+ уште во март, но не прецизираше кога услугата ќе биде достапна за корсниците. Потврдени се најмалку седум серии, вклучувајќи и шоуа под режисерска палка на Стивен Спилберг и Опра Винфри.
Компанијата планира да наплаќа 9,99 долари месечно за претплата на сервисот, што е за три долари повеќе од претплатата за Disney+.
Apple го пушти и трејлерот за драмата The Morning Show во којашто главни улоги ќе имаат Џенифер Анистон и Рис Витерспун.
Поврзани артикли