Dell неодамна најави нов монитор, а се работи за 14-инчниот C1422H. Компанијата го позиционираше овој модел како пренослив монитор, за оние на кои им е потребен секундарен дисплеј за лаптоп или други намени.

Со цена од 350 долари, Dell C1422H не е евтин. Мониторот има Full HD IPS дисплеј, со сооднос 16:9 и доаѓа со вграден држач што ви овозможува да ги прилагодите аглите на гледање.

Мониторот се поврзува со десктоп компјутер или лаптоп преку USB-C конекција. Ова значи дека нема да биде потребен екстерен извор за напојување на мониторот, ниту пак надворешен кабел како HDMI.

Новиот Dell монитор нуди максимална осветленост од 300 нита и тежи помалку од еден килограм, што значи дека може да се носи во торби за лаптоп и лесно да се користи во ситуации кога сте во движење.