Logitech во својата понуда додаде уште еден модел на гејминг слушалки. Овој пат тоа се Logitech G PRO X Wireless гејминг слушалки, заедно со “Lightspeed” безжичната технологија, која е дизајнирана и наменета за врвните e-sports играчи.

Традиционално, перифериите кои се поврзуваат преку кабел се попопуларни кога е во прашање натпреварувачкиот гејминг, но безжичните технологии како што е Logitech Lightspeed ја намалија латенцијата до точка што разликата помеѓу безжичните и моделите со кабел е речиси занемарлива.

Pro X Lightspeed е нова верзија на популарните PRO X гејминг слушалки на Logitech. Оваа безжична верзија е опремена со 2.4GHz Lightspeed wireless, кој овозможува над 20 часа работен век на батеријата и работи на далечина до 13 метри. Тука е и Blue VO!CE софтверот, кој дополнително го подобрува квалитетот на микрофонот.

Во перничињата се сместени PRO-G 50mm драјвери, а тука е и поддршката за DTS 7.1 сараунд звук. Logitech G PRO X Wireless Lightspeed гејминг слушалките ќе бидат достапни од август, по цена од 200 долари.