Последен поздрав за најстарата веб камера на светот (ВИДЕО)

После четврт век емитување во живо, дојде време да се збогуваме со најдолговечната камера на светот поставена во кампусот на Државниот универзитет во Сан Франциско.

Студентите Џеф Шварц и Ден Вонг во 1994-та година ја инсталираа камерата на покривот на зградата од камупост на Државниот универзитет во Сан Франциско. Во тоа време Бил Клинтон беше претседател на САД, ЏК Роулинг се уште ја немаше објавено ниту првата книга за Хари Потер, а постоеја само три продолженија на Војна на ѕвездите.

Камерата беше насочена кон често магловитата авенија Холовеј, по што стана позната како “FogCam”. Камерата без поголеми прекини снимаше две и пол децении, за сега нејзините „творци“ да објават дека заминува во историјата.

Долготрајниот „фид“ кој можеше да се следи на fogcam.orgсе гаси овој месец.

Шварц за тамошните медиуми изјави дека тој и неговиот колега изучувале информатика кога ја поставиле познатата веб камера.

„Беше тоа само мал проект кој разви свој сопствен живот. На луѓето им се допадна, па продолживме да го одржуваме“, изјави Шварц кој ги откри и причините за гасењето на камерата.

„Повеќе немаме навистина добар поглед, ниту место за поставување на камерата. Универзитетот нè толерира, но тие не нè поддржуваат, па затоа мораме самите да пронајдеме безбедни локации“.

Извор: B92.net