Како што неодамна беше откриено, Redmi планира да лансира еден од првите паметни телефони на пазарот со камера од 64 мегапиксели. Ова се очекува да се случи до крајот на годината.

Во меѓувреме, на социјалната мрежа Веибо, потпретседателот на Xiaomi, Лу Веибин, објави кратко видео на кое се гледа дека започнало масовното производство на телефонот.

Видеото покажува дека трите сензори на главната камера ќе бидат поставени вертикално, а ќе има четири од нив.

Лу Ваибин исто така додаде дека производството започнало пред околу половина месец, посочувајќи дека се приближува официјалната премиера на уредот.