Дали случајно ставивте дизел во вашиот бензинец? Што сега? Колку е тоа опасно?

Како прво, многу е важно да избегнете ставање дизел во бензински мотор. Ова секогаш се претвора во скапа грешка која ако се внимава лесно се избегнува.

Разликата помеѓу дизел и бензински мотори

За да разберете зошто ова воопшто не треба да се случи, треба да разберете како функционираат двата типа мотори.

Бензинските мотори имаат свеќички. Кога ќе се стартува автомобилот, тие го палат испарливиот бензин измешан со воздух во внатрешноста на моторот. Во суштина, вака работи моторот, со низа мини експлозии. Дизел моторот нема свеќички, туку работи со помош на клип кој го компресира дизелот до таква мера што се создава топлина и го запалува.

Исто така, имајте на ум дека дизелот е потежок од бензинот. Бензинот е лесен, така што лесно може да испари и да создаде искри. Тежината на дизелот може да го прошири по бензинскиот мотор и да го задуши.

Што се случува со моторот кога ќе ставите погрешно гориво?

Ако можете да го стартувате вашиот автомобил со дизел гориво, тогаш во него се уште има бензин и едноставно сте ги измешале. Ако се случито, автомобилот ќе помине неколку километри, но потоа ќе запре.

Но, дури и без да го стартувате автомобилот, дизелот може да го запуши филтерот за гориво и да ги уништи сите инјектори.

Ако го стартувате автомобилот, дизелот може да предизвика хидраулично блокирање, што може дополнително да го оштети коленестото вратило – многу важен дел од моторот.

Иако можеби не сте го уништиле целосно моторот, ќе има сериозни проблеми.

Како да се исправи грешката?

  • Не го стартувајте го автомобилот
  • Повикајте шлеп служба за автомобилот да се однесе до најблискиот механичар
  • Испразнете го резервоарот целосно
  • Наполнете го резервоарот со бензин, стартувајте го возилото и оставете го да работи некое време
  • Не заборавајте да го промените маслото бидејќи дизелот може да истече и во цилиндрите

Извор: Додај Гас