Ако имате Xbox 360, не сте го користеле некое време и чуствувате носталгија, вклучете го денес. Конзолата го доби своето прво системско ажурирање по повеќе од две години.

Изгледа како никој да не знае за што служи надградбата, освен што има “мали поправени грешки и подобрувања”, но ова покажува дека Microsoft сè уште го одржува легендарниот систем.

Последното ажурирање на системот за Xbox 360 беше на 29 март 2016 година, околу еден месец пред Microsoft официјално да објави дека завршува со производството на конзолата.

За оние кои се прашуваат, последното системско ажурирање за PlayStation 3 беше 4,82 и објавено на 14 ноември 2017 година. Wii U верзијата 5.5.2 излезе на 17 јули 2017 година.