Компанијата Huawei планира својот нов HarmonyOS да го имплементира во паметните часовници во иднина. Претходните решенија на компанијата го користеа Lite OS, како и Wear OS na Google, но ниту еден оперативен систем не забележа позначајна популарност.

Со оглед на тоа дека се повеќе се намалува пазарот за Wear OS, Huawei верува дека е вистинско време за тестирање на новиот оперативен систем на паметните часовници.

Компанијата смета дека новиот модуларен оперативен систем ќе им овозможи подобра позиција и натпревар на пазарот со конкуренцијата како што се Samsung и Apple, кои се меѓу најпопуларните производители на носечки уреди.