Министерството за одбрана на Црна Гора ќе набави оптоелектронски уреди за потребите на декларираните единици на црногорската армија, кои вклучуваат, меѓу другото, беспилотни летала, во вредност од вкупно 322.000 евра, се вели во тендерската документација на министерството.
Оптоелектронските уреди се средства за ноќно набљудување и пукање кои ја претвораат сликата од невидливо инфрацрвено подрачје во подрачје видливо за човечкото око, пишува „Побједа“.