Atacama Large Millimeter/submillimeter Array (ALMA) во Чиле, забележа една галаксија длабоко во вселената која не изгледа како што очекуваат научниците. Таа формира ѕвезди со апсолутно неверојатна брзина.

“Monster Galaxy”, исто така позната како COSMOS-AzTEC-1, е создадена само 2 милијарди години по Big Bang, и секоја година таа создава ѕвезди со поголема брзина од тоа што би се очекувало. Научниците сè уште не ги разбираат овие штотуку создадени галаксии многу добро, но сега тие имаат некои нови информации кои би можеле да откријат зошто тие формираат ѕвезди толку брзо.

Преголемото ниво на гас во галаксијата има посилна гравитациона привлечност врз себе отколку силата на ротацијата или одбивњето на галаксијата од ѕвезди и супернови, се вели во Nature.

Според весникот, научниците ги откриле галаксиите како AzTEC-1 пред само две децении, и ги проучувале за да се обидат да ги разберат екстремните настани на ѕвездите. AzTEC-1 галаксијата формира ѕвезди илјада пати побрзо од Млечниот пат. Овие антички галаксии се сметаат за предци на денешните елиптични галаксии, се вели во соопштение.

Новиот тим од научници кои потекнуваат од Јапонија, Германија, Мексико и САД ја набљудувале AzTEC-1 во највисока резолуција досега користејќи ги 66те радио телескопски чинии на ALMA лоцирани во пустината во Чиле. Физичарите барале знаци од јаглерод моноксид во галаксијата, и создале мапа од она што го виделе.

Нивните истражувања откриле џиновски, густи облаци од гас кои биле доволно концентрирани за да не можат да останат стабилни и се распаѓале под надворешниот притисок предизвикан од создавање на ѕвезди и супернова. Овие распаѓачки облаци можат да создаваат ѕвезди неверојатно брзо, и притоа да се изнемоштат за 100 милиони години што е 10 пати побрзо од обичните галаксии.

Сè уште не е јасно како овие галаксии можат да акумулираат толку големо ниво на гас пред да започнат со процесот на експресно создавање ѕвезди. Можеби тоа е резултат на галактичко соединување, иако научниците не можат да пронајдат доволно докази за да го поддржат ова тврдење. Најверојатно, ќе треба уште долго да се набљудуваат AzTEC-1 и сличните на неа галаксии за да се дојде до одговорот.