Две одделни британски студии покажаа дека вакцинацијата придонесува за драстично намалување на бројот на хоспитализирани лица поради Ковид-19, објави денес АП.

Прелиминарните резултати од студијата во Шкотска покажуваат дека вакцината на „Фајзер/Бионтек“ ја намалува хоспитализацијата за 85 проценти четири недели по првата доза, додека вакцината на „Астразенека“ го намалува приемот во болница поради ковид за 94 проценти.

Во Англија, прелиминарните податоци од студија направена врз здравствени работници покажаа дека една доза на „Фајзер“ ја намалува можноста за добивање коронавирус за 70 проценти, а другата за 85 проценти.

„Овој нов доказ покажува дека вакцината ве штити вас и луѓето околу вас. Важно е да се види колкава заштита обезбедува вакцината за пренесување и ние ќе продолжиме да објавуваме студии на оваа тема“, рече министерот за здравство Мет Хенкок.