Првиот човек на компанијата „SpaceX“, Елон Маск, објави фотографија од главното тело на новиот меѓупланетарен вселенски брод кој е во фаза на изработка во неговата компанија.

Фотографиите на повеќенаменскиот ракетен систем беа објавени на Instagram. Претходно беше објавено дека Маск на Меѓународниот аеронаутички конгрес во Австралија, зборувал за проектот на новиот транспортен систем, со кој ќе биде можно да се испорачуваат луѓето на Марс за да направат своја колонија. На презентацијата Маск го презентираше проектот за новата ракета, која сè уште ја носи шифрата BFR. Должината на новиот модел на ракета е 109 метри, а на неа ќе бидат поставени 31 мотор.