Според бројните медиумски извештаи, компанијата Apple ќе го претстави новиот iPhone, кој ќе има три задни камери, а истото се шпекулира и за новиот iPad Pro, додека стандардниот 10,2-инчен iPad ќе има две камери.

Apple претходно оваа година претстави подобрен iPad Mini и iPad Air, а сега се очекуваат нови модели на iPad и iPad Pro, кои би можеле да имаат нови системи на камерата.

Информациите на снабдувачите на Apple говорат дека iPad Pro ќе добие три камери. Претстојниот iPhone 11 ќе има сличен систем на камери. Исто така, се наведува дека шестата генерација на iPad ќе поседува две камери како и iPhone 11 LCD моделот. Овие модели би требало да се појават на пазарот во октомври.

Apple користеше две задни камери за неколку претходни модели на iPhone, но никогаш не гио искористи за таблет. Најновиот iPad Pro има една камера од 12 мегапиксели, додека iPad Mini, iPad Air и стандардниот iPad поседуваат камера од 8 мегапиксели..

Дополнителните камери на претстојните iPhone уреди ќе се користат за AR апликации, а истиот систем би требало да го добие и iPad Pro.