Аналитичарите на Above Avalon велат во нова анализа велат дека бизнисот на Apple со преносни уреди, како што се Apple Watch и AirPods“, ќе ги надмине приходите на компанијата од Mac компјутери и iPad до крајот на следната година.

Apple официјално не ги објавува резултатите од продажбата на уреди што се преносиви, но во Абов Авалон објавија своите предвидувања за финансискиот модел на Apple и за вкупните резултати од продажбата.

Apple ја надмина бројката од 70 милиони продадени преносни уреди за една година, при што тој сектор во Apple расте меѓу 55 и 60 отсто на годишно ниво. Исто така, еден од пет продадени уреди на Apple е уред што се носи.

Слушалките AirPods забележаа зголемување од продажбата од 80 отсто, а порастот на цената на Apple Watch и на AirPods секако помогна за зголемувањето на приходите на Apple.

Above Avalon, исто така се нагласуваат и посебна категорија за промена на приходите помеѓу третиот квартал од минатата година и третиот квартал од оваа година, каде што секторот за преносни уреди на Apple сега е втор по приходи веднаш зад секторот на услуги (iTunes, Apple Music, App Store, iCloud и Apple Pay) со зголемување односно промена на приходите од 1,2 милијарди американски долари.