Социјалните мрежи Твитер и Фејсбук имаат рок од девет месеци да се усогласат со рускиот закон за податоци.

Во тој период, овие две компании мора податоците за корисниците да ги префрлат на сервери на Русија, јави агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на изјавата на шефот на руската Федерална агенција за комуникација Александар Жаров.

Жаров изјави дека се надева оти компаниите ќе се усогласат со руското право за податоци и дека властите во земјата нема да мора да ги блокираат. Тој вели дека компаниите биле казнети и дека добиле време да ги исполнат руските закони.

Според руските закони, домашни и странски компании треба да ги чуваат личните податоци на руски државјани на сервери во Русија, а ако не се случи тоа, надзорното тело на медиумите може да ги казни со парични казни или да ги блокира прекршителите.