Пред само неколку дена, излегоа информации дека на Google и Apple им е забрането да ги слушаат аудио записите на корисниците на Siri и Google Assistant. Проблемот е во тоа што практиките на компаниите предвидуваат тие да имаат екипи на вработени кои ги прегледуваат нашите барања направени кон овие лични асистенти. Google и Apple потоа се согласија да ги прекинат овие активности. Amazon исто така користи слични методи во својата услуга Alexa.

Доколку го користите Skype за комуникација со вашите најблиски, добро е да се знае дека Microsoft исто така ги прислушува и овие разговори. Информацијата беше потврдена од лица ангажирани од компанијата за оваа дејност, пренесува SlashGear. Тие добиваат пристап до аудио датотеки со повици од корисници, кои дури и не знаат дека ова се случува. Во некои случаи, тие се сведоци на дискусија за сосема лични работи.