Истражувањата на Glassdoor покажуваат дека вработените во Facebook се најзадоволни од своето работно место.

Компанијата Facebook е секоја година високо рангирана, а од 2011 година пет пати го доби статусот за најдобра технолошка компанија. Оваа година Facebook доби оценка 4,6 од 5.

До оваа оценка Glassdoor стигна врз основа на информациите од вработените кои анонимно пополнувале анкета, за потоа алгоритамот да донесе конечна оценка.

Оваа компанија се најде и на првото место и по грижата за своите вработени и транспарентно раководство.

Компанијата Google се најде на петтото место, HubSpot на седмото, World Wide Technology на осмото, а Ultimate Software на десеттото место.

И изминатите неколку години на листата од компании кои нудат најдобри услови за работа доминирале компании кои се занимаваат со информациски технологии.

Потоа по нив следуваат фирми од областа на здравство и малопродажба.