Сопственикот на компанијата X (Твитер) Илон Маск се осврна на обвинувањата дека креаторите не се доволно платени на социјалната мрежа.

Неодамна напиша дека „наградите на креаторите значително ќе се зголемат оваа година“, што можеби не е невообичаено, но е значајно со оглед на позадината на целата приказна, која го вклучува и јутјуберот MrBeast.

Кон крајот на декември, MrBeast (кој има 229 милиони следбеници на YouTube) објави на Твитер дека следбениците треба да одат и да го гледаат неговото најново видео.

На ова, корисник по име DogeDesigner му напишал дека видеото треба да го објави и на Твитер, а Маск се надоврза и напиша „Да“.

Сепак, MrBeast одговори: „Моите видеа чинат милиони за да се направат, па дури и да добијат милијарда прегледи на X, јас не би заработил ни дел од тоа“.

Најавата на Маск за планираните повисоки профити за креаторите, значи, веројатно е одговор на она што го кажа MrBeast, имено на неговата критика за она што тој го гледа како ниска заработка.

Со оглед на тоа што MrBeast е една од највлијателните, ако не и највлијателна личност во светот на социјалните мрежи, неговите зборови и реакции се внимателно следени, па затоа Маск, логично, се грижи што ќе каже.